Повеќе од 1400 мигранти кои повеќе од три недели се наоѓаат во ПЦ Табановце се закануваат дека ќе започнат со штрајк со глад , ќе ја блокираат пругата или масовно ќе заминат кон границата.
Иако во текот на вчерашниот ден нетрпеливоста започна да расте по што дошло до мала физичка пресметка помеѓу дел од бегалците, која со интервенција на полициските службеници била прекината, сега состојбата е мирна, стои во дневниот извештај на Регионалниот центарза управување со кризи.
Во периодот од 14 до 22 часот дошло до прекин на електричната енергија во кампот проади дефект на електроситрибутивната мрежа, момент кој го искорисител дел од бегалците да избегаат од кампот, односно 22 Авганистанци и 18 Ирачани.
Вчера во кампот присутни биле 1.421 странски државјани.