Цел свет со восхит ги гледаше како идоли – а станаа немилосрдни убијци, силувачи, крадци


Јужноафриканскиот атлетичар со телесен инвалидитет Оскар Писториус, кој ја убил својата девојка, е само еден од многумината спортисти кои својата блескава кариера ја упропастиле со неколку криминални дела.

O.J._Simpson_1990_·_DN-ST-91-03444Еден од најпознатите случаеви е оној на Џеј Симпсон, поранешниот играч на Американски фудбал, а подоцна и познат глумец. Во 1995 година, е осомничен за двократно убиство и тоа на сопругата Никол Браун Симсон и нејзиниот пријател Роналд Гудман.

По контраверзното судење кое траело со годините, Симпсон бил ослободен од обвинувањата.
Многу години подоцна, 2011 година, Оџеј Симпсон го признал убиството на Опра Винфри, која работела на интервју со него во затвор.

По закон, личноста која е обвинета за убиство, не може повторно да и се суди за исто злодело. Сепак тоа не го смирило, па подоцна продолжил со проблемите, а неколку пати е обвинет за вооружен грабеж.

eric-naposki-2
Еден од најсвежите примери за убиство е случајот со поранешниот NFL играч на Њу Ингланд Петриотс, Ерик Наполски. Наполски во 2009 година е обвинет за убиство на Бил Меклахлин кое се случило уште во 1994 година, кога неговата девојка Нанет Џонстон му ги земала парите од животното осигурување.
Наполски тоа време бил во романтична врска со Нанет.

По долго судење, дури во 2012 година е осуден на доживотна робија, а осудена била и Нанет Џонстон, која е обвинета за соучесништво за убиство.

Michael-Vick_Jets-vs-Eagles-Sept-3-2009_Post-Game-Interview
Поранешниот квотербек на Атланта, Фалкосн Мајкл Вик, е обвинет за организирање на борба со кучиња до смрт, а животните кои и по тие борби загинале, ги закопувал во земја.Вик добил две години затвор за тоа дело, кои ги одлежал.

Но, тој е еден од ретките спортисти кои по скандалот и криминалот се врати во спортот и потпиша вреден договор со Филаделфија Иглсима.

Поранешниот кошаркар на Универзитет Кентаки и НБА тимот, Атланта Хокс, Томи Пејн, осуден за неколку силувања во Атланта, а подоцна истрагата утврдила дека бил вмешан и во претходно силувања на Универзитетот Кетаки, каде што студирал 1971 година.
Подоцна, 1986 година, полицијата во Лос Анџелес го фатила на дело како ја силувал жената и добил 15 година затвор, а излегол 2001 година.

Фудбалерите и кошаркарите на заостануваат

Некогашниот фудбалер на Манчестер Сити и Њукасл Џои Бартон, е вистински пример на „лудиот“ Англичанец. Бартон повеќе пати се тепал надвор од спортските терени и на нив, а неколку пати е осомничен за силување, недолично однесување и напади. За него не е важно дали е фудбалски терен, парк или улица, тој се тепал каде што ќе стигне. Одлежал четири месеци за своите дела и добил две години условно.
Вториот англиски фудбалер, Гевин Грент, кој играл во пониските лиги, е обвинет за убиство на Џамал Мур во 2005 година, но нешто подоцна е ослободен. Но, во обновениот процес 2010 година, повторно е прогласен за виновен и добил 25 години затвор.
Најпознатиот случај на балканските простори кога еден спортист е осуден, е случајот со црногорскиот кошаркар Никол Булатовиќ, кој е обвинет за силување. Тој минатата година е испорачан на Подгорица од Доминиканската Република, во кој е уапсен на основа потерницата од Интерпол.

Булатовиќ чека на издржување на казната затвор од пет години на која е осуден со пресуда на Окружниот суд во Белград. Поранешниот играч FMP, Будуќност и Партизан, е прогласен за виновен во март 1998 година, кога ја силувал малолетната Н.С. откако пристигнала во неговиот стан за да го заврши веќе започнатото од претходно интервју за школскиот весник. За време на судењето, Булатовиќ ја негирал вината, тврдејќи дека станува збор за местенка. Но, не спорел дека имал сексуален однос со малолетната девојка, но вели дека таа не се противела.

Боксерите сакаат да тепаат и да киднапираат

Да не биде дека само американските фудбалери се лоши момци во светскиот спорт, еве и неколку боксери кои биле на врвот, а потоа паднале на дното.

Majk-TajsonНајпознат е примерот со Мајк Тајсон. Тој додуша не е обвинет за убиство, но во повеќе наврати е осомничен за насилство во семејството, поради тоа што во време на најголемата популарност, ја тепал својата девојка. Најпрвин глумецот Робин Гивенс, а подоцна и останатите.

Подоцна е обвинет за силување поради што добил шест години затворска казна, како и поседување на наркорични средства.
Така што двократниот поранешен шампион на светот, во тешка категорија Ридик Боуви, е обвинет за киднапирање на својата жена и деца. Добил 18 месеци, затворкса казна.
Има уште многу познати спортисти и помалку познати, кои сториле кривично дело и на тој начин си ја упропастиле кариерата, но се е потешко да се избројат.

Име и презиме / спорт  /криминал

Оскар Писторијус  /атлетика/ убиство

О’џеј Симпсон /НФЛ  /убиство

Ерик Наполски /НФЛ  / убиство

Мајк Вик /НФЛ  / организирање  борби со кучиња

Томас Пејн /НБА   /силување

Мајк Дантон /НФЛ /обид за убиство

Џои Бартон /  фудбал / напад, силување

Мајк Тајсон / бокс / силување

Ридик Боуви / бокс / киднапирање

Никола Булатовиќ /кошарка /силување

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1