Откако садовите ќе ги измиете во машината за садови, на чиниите остануваат остатоци од храна, а на чашите дамки па на крај миете сè рачно? Еве ги можните решенија на вашиот проблем.
Машината за миење садови подобро ќе ја врши својата функција доколку го направите следново:
ПРОВЕРЕТЕ ЈА ПРСКАЛКАТА
Ако садовите ги наредите премногу виоко и ја блокирате ротирачката прскалка, садовите нема добро да се измијат. Проверете ги и дупчињата на прскалката за да се осигурате дека не се затворени. Ако е потребно ичистете ги со чепкалка.
ПРОВЕРЕТЕ ГО ОДВОДОТ
Исчистете ја храната која останала на дното на машината, како и филтерот.
НЕ КОРИСТЕТЕ ПРЕМНОГУ ДЕТЕРГЕНТ
Погрешно е да мислите дека фиоката за детергент треба секогаш да ја наполните до врв. Премногу детергент може да остави дамки и траги на чашите.
ЧИСТЕТЕ ЈА ВНАТРЕШНОСТА НА МАШИНАТА
Маснотиите, остатоците од детергент и каменец се задржуваат во внатрешноста на машината. Измијте ги со алкохолен оцет. На секои неколку месеци пуштајте ја машината кога е празна. Не користете детергент. Кога водата ќе почне да го полни дното на машината, отворете ја и додајте 1-2 шолји алкохолен оцет и оставете да заврши до крај.
ЗАШТЕДА
За да ја намалите потрошувачката на енергија, а со тоа и сметката за струја, машината можете да ја исклучите веднаш штом заврши програмата за миење, и да ги оставите садовите да се исушат сами. Така ќе ја избегнете програмата за топлинско сушење, а со тоа ќе ја намалите и потрошувачката на електрична енергија.