Собранието се распушти- избори на 5-ти јуни!


98-та седница на ова Собрание беше и последна на овој пратенички состав. Спикерот Трајко Вељаноски некаде 15 минути до 23 часот им се заблагодари на пратениците за досегашната работа.

– Собранието на Република Македонија се распушти согласно одлукта што ја изгласаа пратениците на 23 февруари со цел одржување предвремени парламентарни избори на 5 јуни.glasanje izbori sobranie

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски по изјаснувањето на пратениците за точките од дневниот ред на 98. седница вечерва изјави дека со тоа завршува мандатопт на актуелниот парламентарен состав.

– Бидејќи денеска завршува мандатот на овој парламентарен состав, би сакал на сите вас да ви се заблагодарам и да ви посакам во иднина, пред се, среќа и успеси како на личен така и на професионален план. Овој мандатен период и овој парламентарен состав помина низ многу тешки премрежја, но сепак успеавме сите заедно да реализираме и конкретни резултати во остварувањето на нашите стратешки определби, во градење на стабилна сегашност и подобра иднина. Јас лично како претседател на Собранието го изразувам моето задоволство и изразувам искрена надеж дека секој од нас без разлика на политичката припадност и на неговиот иден ангажман ќе продолжи да придонесува за добробит на Република Македонија и на сите нејзини граѓани, рече Вељаноски во кусото излагање.

Праниците на СДСМ не присуствуваа на седницата. И покрај нивното барање не беше свикана итна седница на која би биле контатирани оставките на нивните министри и заменици минстри што претходно во текот на денот ги поднесоа до претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев најави прес-конференција за 23 часот на која ќе го соошпшти партискиот став.

Инаку, претседателот на Парламентот Вељаноски во телевизиско интервју пред два дена изјави дека денеска законодавниот дом ќе работи нормално, оти на 7 април Собранието ќе биде распуштено и, согласно неговите надлежности, тој ќе распише избори за 5 јуни.

– Како претседател на Собранието на Република Македонија, условно, можам да тактизирам наместо на седми април до петнаесети април да го потпишам решението за распишување и оддржување на изборите на петти јуни, за да и дадам можност на ДИК за продолжување, условно, на некои работи доколку евентуално не се завршени. Тоа се однесува околу делот на Избирачкиот список, бидејќи многу активности во ДИК за време на спроведувањето на изборите зависат од денот на потпишување на решението за распишување на избори од страна на претседателот на Собранието. Поради тоа јас по распуштањето на Собранието ќе разговарам со претседателот на ДИК и ќе му ја дадам таа опција за да може да имаат уште повеќе време за да ги дозавршат работите што би требало, рече Вељаноски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1