Директорот на ЦИА во ненадејна посета на Сараево


Директорот на ЦИА, Џон Бренан пристигна во ненадејна посета на Босна и Херцеговина, објавија сараевските медиуми, кои тврдат дека во центарот на Сараево утрово биле зајакнати безбедносните мерки.cia John-Brennan

Бренан во Сараево пристигнал синоќа со воен авион. Тој планира да се сретне со босанските министри за внатрешни работи и за безбедност, како и со првите луѓе на полициските агенции во Бих и со Ударната група за борба против тероризмот.

На средбите ќе се разговара за глобалната борба против тероризмот, терористичките закани во БиХ, предизвиците и што презема официјално Сараево по тоа прашање.

Засега не е познато до кога шефот на ЦИА има намера да остане во БиХ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1