Принц минатата недела бил во болница поради предозирање


Американската поп-ѕвезда Принц бил лекуван во болница поради прекумерно количество на дрога недела дена пред неговата смрт, тврди порталот „ТМЗ“, повикувајќи се на повеќе неименувани извори.

Принц бил на болничко лекување откако неговиот приватен авион ненајавено слетал во Молин во Илиноис минатиот петок по настапот во Атланта, додека медиумите известуваа дека тој има грип,пренесува „Асошијетид прес“.rinc-640x360

– Неколку извори во Молина ни кажаа дека Принц бил префрлен во болница и дека лекарите му дале т.н. спасоносна инекција, која обично се дава да се неутрализира дејството од опијатите, наведува „ТМЗ“.

Принц наводно бил советуван од лекарите да остане во болница 24 часа, но тој одлучил по три часа да излезе од таа установа , каде не можел да има приватна соба.

– Знаеме дека властите во Минесота се обидуваат во Молина да дојдат до болничките податоци за да се утврди причина за неговата смрт – додал „ТМЗ“.

Транскрипт од повиците кои Итната помош ги примила од куќата на Принц во предградието во Минеаполис покажува дека неидентификувана личност која ја повикала таа служба била збунета и не можела да ја даде точната адреса.

Личноста која ја повикала Брзата помош рекла дека се наоѓа во куќата на Принц, но првин рекла дека куќата се наоѓа во Минеаполис, додека друга личност, исто така, се наоѓала во куќата на крај ја дала точната адреса на куќата во предградието Ченхејсен.

Првиот повикувач рекол дека „има некое лице кое е во несвест“ , а потоа дека „во куќата има мртво лице“.

Кога диспечерот во службата на Итната помош ја идентификуивал адресата и почнал да поставува прашања, повикувачот прекинал и рекол :„Да , тоа е Принц“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1