Принс беше голем музичар кој благодарение на својот талент успеваше да живее од својата професија. Во текот на животот заработи мошне големо богатство коешто се проценува на околу 800 милиони долари.
Сè уште нема информации дали Принс зад себе оставил тестамент, а ако се испостави дека не оставил, се верува дека голем дел од неговиот имот ќе падне во рацете на неговата единствена сестра Тајк Нелсон (55).
Таа, според пишувањето на британски „Дејли мејл“, само што ја добила веста за смртта на брат ѝ, пристигнала на неговиот имот покрај Минеаполис, а според законите на сојузната држава Минесота токму сестрата на Принс, под услов тестаментот да не постои, ќе го наследи тоа земјиште и сè што се наоѓа на него..
Според локалните закони, ако лицето кое не било во брак без потомство умре и зад себе не остави тестамент, неговиот имот го наследуваат родителите, бабите и дедовците, потоа браќата и сестрите иако постојат одредени услови под кои сето тоа на суд може да се оспори.