По кремацијата на американскиот музичар Принц кој почина во четвртокот, зетот на покојниот пејач открил дека неговиот шура бил буден 154 часа без престан.
Морис Филипс, сопруг на сестрата на Принц, Тика Нелсон, по кремацијата која била извршена во присуство на најтесниот круг на семејството, на насобраните обожаватели кои се простувале од ѕвездата, им открил дека музичарот на спиел шест ипол дена пред да биде пронајден во својот дом.
– Работеше 154 часа без прекин. Бев со него минатиот викенд. Беше добар шура – навел 52-годишниот Филипс, пренесува „Тјм3.
Од 2001 година, Принс бил припадник на Јеховините сведоци поради што не сакал да оди на операција на колкот поради трансфузија на крв, која не е дозволена во таа христијанска верска заедница. Уметникот, познат и како вегитаријанец во знак на простес поради убивање на животните во почетокот на годината најавил дека пишува мемоари со наслов „The Beautiful Ones“.
Принц страдал од несоница, а извештаите наведуваат дека користел „Пероксет“ во големи количества, а во некои случаи, корисниците на тој лек тврдат дека лекот ги држи будни. Со оглед на тоа што Принц бил Јеховин сведок, погребните услуги морале да се извршат во првите седум дена по смртта.