„Македонец ќе изваде срце у леген и пак ќе га сошие у човек“ – Оваа реченица се наоѓа во текстот објавен со наслов „Пророштвата на Зафир од село Рударе“. на сајтот aberdzija.com
Насловот ќе заинтересира многумина љубопитни, во кои се вбројува и авторот на овој текст, затоа тргнавме во потрага по човекот кој е собирач на овие т.н пророштва ( за кои ние сепак ќе го прифатиме терминот искажувања) неговото име е Стевче Доневски. Го најдовме во Кратово , во чија околина, поточно во местото Шопско Рударе помеѓу два века ( 19 и 20) живеел и дедо Зафир кој ги предскажувал настаните. Покрај ова т.н пророштво во текстот се објавени уште 14 други кои поттикнуваат на размислување и споредување на кажаното ( предвиденото) и оствареното.
Доневски кој е хроничар на кратовскиот регион ни раскажа дека има вкупно 158 записи од жителите кои ги запознал во изминативе 35 години , најголемиот дел од нив слушнати од луѓе кои биле сведоци на предвидувањата на овие настани како што е случајот со извесен Тоде Петрушевски роден 1924 кој се уште е жив.
„ Тој ми раскажа дека на 6 мај 1942 година имал можност да ги слушне директно претскажувањата на дедо Зафир, кој на тој Ѓурѓовден пред селаните од кратовско, на местото викано Цоцев камен го кажал следното…
„ Русокосо момче Македонец ,слабачко, кротко, кое ќе живее на еден ден одење од Шопско Рударе до Штип ќе изваде срце у леген ќе го сошие со самарџиска игла и мртов човек ќе прозборе како Бога ќе га гледав“.
За луѓето во тоа време ова било неразбирливо, не можеле да го прифатат затоа што им било премногу далечно, непознато, како тоа да се роди некој кој ќе „вади“ срца и повторно ќе ги враќа.. Ако погледнете од денешна перспектива во ликот на тоа момче за кое дедо Зафир зборувал уште пред 74 години премногу јасно се препознава д-р Жан Митрев. Зачудувачки е и за нас кој сме современици на д-р Митрев , како чисто е опишан уште во првата половина на минатиот век, кога се уште не бил ни роден, скоро 20 години пред неговото доаѓање на свет.
Најверојатно преку таа негова визија дедо Јосиф уште од тогаш ја чуствувал посебноста на д-р Митрев , затоа што претскажувањата кога се поврзани со индивидуи, секогаш се тоа силни ликови, ретки персони. И да, овој податок не ме остава рамнодушен, силно верувам во претскажувањата на дедо Зафир., знаејќи што се има направено д-р Митрев во изминативе години.
Можеби не случајно голем дел од неговите пациенти знаат да кажат Бог на небото Жан на земјата, ништо не е случајно. Не само јас од истражувањата кои ги правев на терен исказите на дедо Зафир биле инспиративни и за новинарите од Белград кој уште во 30-тите години на минатиот век пишувале статии за неговите предвидувања. Дури го поканиле да се пресели во Белград но тој знаел дека никогаш нема да го напушти родниот крај. Најсилниот факт за да му веруваат и тие и јас и многу други е откривањето на црквата Светијованска во селото Коњух. Таа постои благодарение на неговите визии. Неговите зборови биле „ Овај црква ќе ме направи бецсмртан“, објаснува Доневски.
Накој верува некој не, некој можеби ваквите информации ќе ги стави во рубриката „Верувале или не“, друг во забавниот дел. Како и да е постојат луѓе кои успеале преку визија да предвидат, да предскажат настани, појави, случувања од минатото неколку векови пред нив. Некои од нив со јасна порака ,а други преку симболични интерпретации ги најавиле неочекуваните очекувања.