Народна банка ја зголеми каматната стапка поради зголеменaта побарувачка на девизи


Каматната стапка на благајничките записи, како основна каматна стапка, е зголемена за 0,75 процентни поени, од 3,25 на 4 проценти, соопштија од Народна банка.banka-322

„Одлуката за затегнување на монетарната политика е реакција на зголемената побарувачка на девизи и на притисоците врз депозитната база на банките, коишто во целост се последица на влошените очекувања на економските субјекти, предизвикани од нестабилната политичка состојба во земјата. Со тоа, промената на каматната стапка е одговор на дејствувањето на фактори од неекономска природ.“ се наведува во соопштението на Народна банка.

Сепак, НБРМ и понатаму ги оценува економските фундаменти како здрави, без присуство на поголеми нерамнотежи во економијата.

„Сите досегашни показатели упатуваат на солиден економски и кредитен пораст, без ценовни притисоци и без притисоци во надворешниот сектор. Дефицитот во тековната сметка и понатаму е умерен, со позитивни преносни ефекти од структурните промени во извозниот сектор и со доволно финансиски приливи за негово финансирање. Воедно, сите показатели за девизните резерви постојано покажуваат нивно соодветно ниво, што е доволно за справување со шокови“, се наведува во соопштението.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1