Тоа ќе ми биде најголемиот подарок, вели ќерката на Цеца, која на 25 мај ќе го прослави своето полнолетство.
Анастасија Ражнатовиќ наскоро ќе наполни 18 години и ќе го прослави своето полнолетство со журка на годината, а за таа прилика нејзината мајка Цеца Ражнатовиќ, ќе и го поклони тоа што тато Жељко Ражнатовиќ Аркан и го оставил.
Пејачката одлучила да ја израдува својата малечка со драгоцен накит, кој Аркан го избрал при раѓањето на Анастасија. Станува збор на обетки, кои Цеца ги чувала се до нејзиното полнолетство, како поклон за својата ќерка кога ќе стане полнолетна.
Не знам што ми спреми мама за полнолетството и не се ни трудам да дознаам, бидејќи сакам изненадувања. Само знам дека ми ги чува обетките кои таткоми ми ги купи. Се надевам дека конечно ќе ми ги даде на 18 роденден, вели Анастасија за српски Информер.
Припремите за роденденот се во тек, а полнолетството на Анастасија ќе биде според многумина журка на годината.
– Едвај чекам на ги видам тие обетки. Тоа ќе ми биде најдрагиот поклон, кој ќе го чувам целиот живот, изјавила Анастасија.
Да потсетиме, Вељко Ражнатовиќ за полнолетството доби златен „ролекс“, часовник кој му припаѓаше на неговиот татко Аркан.