Синот на рускиот олигарх брутално ја убил својата мајка во хотел во Русија. Тој тврди дека го направил бидејќи сакал да го „исфрли“ ѓаволот од својата мајка, која наводно сакала со него да има секс.
Егор Сосин (19) брутално ја претепал и задавил 44-годишната Анастазија Новиков-Сосин, поранешна сопруга на градежниот могул Игор Сосин, во апартман во хотел во Казањ.
– Ја удирав по лице, а ударите беа силни. Видов како ѝ тече крв од лицето на местата кадешто ја удирав – им открил Егор на инспекторите и додал дека сигурно не ја удрил „помалку од 20 пати“.
Егор, кој има психички нарушувања, рекол исто така и дека ја гризнал мајка си за врат и „почувствувал крв во устата“.
– Плачев кога ја удирав и бев свесен дека ја убивам – изјавил Егор.
Егор убиството најпрво му го признал на персоналот во хотелот „Корстон“. Бил под дејство на дрога. Според неговите зборови, се обидела да го убеди на интимни односи и му дала некои таблети. Сосин рекол дека одбил да има секс и го „исфрлил“ ѓаволот од неа. Според прелиминарните наоди Егор страда од параноидна шизофренија.
Таткото на Егор бил во добро односи со поранешната сопруга Анастазија, а заедно биле загрижени за здравствената состојба на Егор. Мајката еднаш и му се јавила на Игор и му кажала дека Егор прави забава во станот и дека таму користеле гас за смеење и психоделични печурки.
Еден психолог открил дека Анастазија го контактирала само неколку дена пред трагичниот настан, бидејќи била загрижена за својот син. Открил дека Анастазија му рекла дека дознала дека Егор се дрогира и дека чудно се однесува. Исто така, Анастазија откриле дека се плашела да го остави сам како и дека има чудни пријатели. Еднаш Анастазија и синот разговарале за дрогата што му ја пронашла и почнала да му приговара за тоа. Кога му ја спомнала дрогата, Егор тогаш многу се налутил и почнал агресивно да се однесува кон мајка си.
Сведоците тврдат дека мајката и синот на денот на убиството гласно се расправале, па некои од нив сакале да повикаат полиција. Меѓутоа, персоналот во хотелот се јавил во полиција дури кога го виделе Егор како шета во долна облека низ хотелот. Тогаш во собата ја ткриле страотнат глетка.