На Бата Живоиновиќ му ја ампутирале ногата за да преживее


На великанот на српското глумиште, Велимир Бата Живоиновиќ (82), му е ампутирана ногата за да преживее, поради гангрена која во меѓувреме напредувала.

Бата пред неколку дена бил префрлен од болницата „Свети Сава“ во КБЦ „Дедиње“, каде му е направена операција. Како што пренесува српски „Ало“, лекарскиот конзилиум бил едногласен во одлуката на легендарниот актер да му го ампутираат болниот дел од ногата, но конечната одлука ја донело семејството.Bata1

-Точно е дека Бата е префрлен во КБЦ „Дедиње“ поради напреднатата гангрена, за која ние немаме средства како да ја санираме. Знаеме дека се работеше за операција на нога, и сега веројатно е извршена, но не знаеме во кој облик. Бата во секој случај е во сигурни раце – вели извор од болницата „Свети Сава“.

Оваа информација ја потврдиле и од КБЦ „Дедиње“, но не со толку добри вести за здравствената состојба на Живоиновиќ.

– Бата е опериран во петокот и ногата му е ампутираната над коленото. Во моментот се наоѓа во шок соба каде е ставен на апарати за дишење. Се уште е рано да зборуваме за било какви прогнози за неговата здравствена состојба – велат од болницата во која актерот се бори за живот.

Истите вести за здравствената состојба на актерот ги потврдила и неговата ќерка Јелена, додека сопругата Лула не била во состојба да дава изјави за медиумите.

-Точно е дека татко ми лежи на Дедиње и операцијата е завршена. Неговата состојба беше деликатна, но засега е стабилна. Тоа е се што ние знаеме и немаме повеќе информации. Докторите се грижат за него и чекаме на нови информации за тоа како ќе се развива ситуацијата, изјавила за Ало.рс наследничката на Живоиновиќ која не сакала да детализира во врска со ампутацијата која била неминовна.

Со оглед на тоа што Бата со години боледува од дијабетес, оваа болест дополнително ја отежнува ситуацијата во постоперативната постапка. Живоиновиќ има и болно срце, како и проблеми со периферните артерии, што исто така му ја влошува ситуацијата. За актерот се грижи тим од доктори.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1