Девет дена по погребот на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, маж со качулка и фантомка на главата се обидел на сила да влезе во куќата на убијената пејачка, дознава српски „Курир“.
Таа информација ја потврдил и сопругот на Јелена, Зоран Марјановиќ, кој вели дека непознат маж трчал преку бетонската ограда што ја делат со соседите.
-Не се плашам веќе од ништо, стравувам само за мојата ќерка Јана- Поради тоа сите сме претпазливи. Секогаш некој внимава на неа. Спиеме на смени. Дежураме додека на се пронајде убиецот и не се открие мотивот на злосторството-вели за Блиц, Зоран Марјановиќ, сопруг на убиената пејачка Јелена Марјановиќ.
Зоран инаку обезбедил и обезбедување за својата петгодишна ќерка.
-Сакам обезбедувањето да не тргне поглед од Јана, додека се не се заврши – рекол Марјановиќ.