Концертот на Лепа Брена и Амар Јашарспахиќ Гиле во Хаген бил откажан во последен момент, поради тоа што не можеле да се договорат со организаторт околу исплатата на хонорарите, па наместо пред публика завршиле пред полиција.
Организаторот на концертот Хусеин Велагиќ открил дека пејачката морал да ја пријави во полиција бидејќи Лепа Брена одбила да излезе пред публиката поради неисплатениот хонорар. Менаџерот кажал дека на пејачката претходно и исплатил дел од хонорарот, а поради тоа што пред настапот не и го исплатил остатокот од хонорарот пејачката одбила да излезе пред публиката.
Велагиќ потоа повикал полиција и ја пријавил пејачката за измама, а најавил и дека ќе поднесе тужба против Брена. Меѓутоа, менаџерот на пејачката, Бане Обрадовиќ, тврди дека вистината е сосема поинаква.
-Тој воопшто не и дал пари, ништо не плати, ниту осветлување, ниту озвучување…Тоа може да го потврдат сите кои таа вечер беа во салата. Всушност, проблемот се случи тогаш кога Брена од него побара да потпишат договор бидејќи таа не сака да работи доколку се не е регулирано со договор. А Велагиќ не сакал да потпише договор за да избегне да плати данок, кажал Обрадовиќ и додал: „Од друга страна, полицијата освен што зема изјава од Брена разговараше и со сите кои биле вклучени во организацијата, музичарите, келнерите… Брена дојде во Германија иако не и беше исплатен хонорарот, а како што претходно се договориле требаше да и биде исплатен целиот хонорар пред настапот. Така што не е точно дека и дал дел од парите, а дека остатокот требало да и го даде таа вечер. Таа од нив не добила ништо, кажал Обрадовиќ кој додал дека Брена не била задржана во полиција и дека наредната вечер настапувала во Холандија.
Од друга страна, познавачите на музичките случувања во Германија тврдат дела Велагиќ никогаш не бил менаџер, туку дека се занимава со продажба на месо, но и дека Брена не е првата која ја измамил на сличен начин.