Ужасна семејна трагедија утрово го погоди Белград. Маж (63) со нож ја заклал сопругата (57), а потоа се обидел да си го одземе животот.
Како што јавуваат српските медиуми, според првичните и неофицијални информации, ужасната семејна трагедија се случила утрово нешто пред 9 часот во станбена зграда во белградската населба Коњарник.
Мажот во меѓувреме е префрлен во Ургентниот центар, а во тек е полицискиот увид.