Скопјанец кој престојувал во просторија во изнајмена куќа во кичевското село Другоо додека се симнувал по бетонски скали удрил со главата и починал.
Несреќата се случила ноќеска околу 3 часот додека шеесет и шестгодишниот скопјанец се симнувал по скалите. Паднал на грб и со глава, со тилот удрил во скалило.
Тој се здобил со повреди и од страна на лица кои престојувале во истиот објект бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево каде што дежурниот лекар констатирал смрт.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Кичево. Починатиот е пренесен во капела во Медицинскиот центар Кичево каде ќе се изврши обдукција.