Крвав масакр ја потресе Србија. Поранешниот директор на „Симпо“ во Србија, Мирољуб Петровиќ, ја убил својата сопруга. По убиството тој се обидел да се отруе со лекови и да се спаси од казната.
Поранешниот комерцијален директор на „Симпо“, 63-годишниот Мирољуб, со 35 убоди од нож ја убил својата 57-годишна сопруга Снежана. Тој и ги зарил убодите во градите и стомакот, по што се обидел да си го одземе животот. Трагедијата се случиla вчера наутро, а безживотното тело на жената го пронашла ќерката Уна.
Телото на Снежана е пренесено на Институтот за Судска медицина, додека Мирољуб е однесен на Ургентен.
Мажот бил пратен на психијатриско лечење. Дошле кај ќерката за да бидат поблиску, а кога таа отишла до аптека, тој направи лкрвав масакр. Ќерката која не можела да влезе во станот се јавила во полиција, а кога влегле на местото на настанот, сликата била ужасна.
– Што ти згреши мама, зошто го направи ова, вреснала Уна кога ги видела локвите крв.
Никој не знае зошто Мирољуб ја убил сопругата.