Петмина членови на ДИК упатија писмо до Вељаноски


Петмина членови на Државната изборна комисија упатија писмено известување до претседателот на Собранието Трајко Вељаноски дека на изборите на 5-ти јуни ќе има само една кандидатска листа. Вака спроведените избори би биле нелегитимни и некредибилни, тврдат иницијаторите на ова известување, членовите предложени од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев. Нивниот предлог го потпишаа и претседателот Александар Чичаковски, членот од ДУИ Субхи Јакупи и независниот Реџеп Прекопуца, кој е во странство и испратил депониран потпис.dik sednica

Во услови на еден учесник во изборниот процес, се загрозува политичкиот плурализам и демократските избори и не може да се гарантира тајноста на гласањето, велат тие. Потоа, во изборната кампања се очекува разнообразност на политички идеи и програми, се загрозува начелото на избалансирано медиумско претставување, суверенитетот на граѓаните се пренесува само на една партија, а се поставува и прашањето за целисходноста и економичноста на спроведување на изборите, со оглед на извесноста на резултатите во однос на распределба на мандатите.

Оваа иницијатива доаѓа по дводневните обиди на Дума и Милев Комисијата да одржи седница и да заземе став за оваа новонастаната ситуација. Членовите од ВМРО ДПМНЕ и од ДПА сметаат дека ДИК треба да продолжи со спроведувањето на изборите, без оглед дали на нив ќе учествуваат една или повеќе партии. Петмината потпишани сметаат дека ДИК мора да ги истакне овие факти бидејќи нејзина основна задача е да се грижи за законитоста во подготовката и во спроведувањето на изборите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1