Кога завршиле со свадбата и се повлекле во хотелската соба, невестата била презафатена со одговарање на пораките со честитки на нејзиниот мобилен и немала време за ништо друго.
Роднина на несреќниот младоженец од Саудиска Арабија, за весникот „Al Watan“ објасни што се случувало:
-Младоженецот се обидел да и се доближи и да биде интимен со неа, но останал шокиран кога таа го игнорирала и не одговорила на неговите зборови и допири. Кога ја прашал дали пријателите и се поважни од него, таа одговорила потврдно.
Кавгата станала толку голема што младоженецот веднаш побарал развод. Биле упатени на помирување, но тој инсистирал да се разведе.
Според саудискиот правен експерт Ахмад Ал Малаби, 50% од разводите во таа земја се случуваат меѓу скоро венчани двојки.
-Недоразбирањата, разликите, и лесната одлука да се стапи во брак без разбирање на одговорностите се главните причини за разводи меѓу младите луѓе. Браковите пропаѓаат кога немаат основа и доверба – вели тој.









