Славниот актер Енди Вајтфилд бил на врвот од својата кариера, кога дознал дека има уште шест месеци живот. Борбата со болеста ја следел филмски работник кој за неговата приказна снимил документарен филм.
Вдовицата на актерот, Австралијката Вашти, овие денови повторно минува преку најтешките денови во својот живот откако објавен бил документарецот кој ја следел неговата борба со ракот.
Енди Вајтфилд бил инженер кој во Австралија решил да стане актер. Конечно успеал да добие улога во високобуџетната серија “Spartacus”. Кога започнало снимањето на втората сезона од серијата, му бил дијагностициран рак.
Имал само 39 години, а последните месеци од неговиот живот ги снимал режисерот Лилибет Фостер.
Документарецот го нарекол “Be Here Now: The Andy Whitfield Story”. Неговата вдовица вели дека поради документарецот е многу среќна, но и тажна во исто време.
Вашти денес сама се грижи за нивните две деца, а филмот всушност ја следи нивната љубовна приказна, преку призмата на борбата на Енди со болеста.