Изгоре возилото на директорот на „Жито Вардар“


Во Полициска станица Велес ноќеска околу 02 часот било пријавено дека на улица Гемиџиска б.б. во Велес има опожарен патнички автомобил марка „мазда“ со велешки регистерски ознаки, сопственост на 33-годишниот велешанец У.Т, јави Прес 24.kola zapalena

Портпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска изјави дека полициски службеници извршиле увид на лице место и оти се преземаат мерки за расветлување на настанот.

Станува збор за автомобил сопственост на Урош Ташев финансиски директор на А.Д. „Жито Вардар“ и син на генералниот директор на А.Д „Жито Вардар“ Ристо Ташев. Возилото било паркирано пред нивната семејна куќа, каде што било и запалено. Пожарот бил пријавен во Противпожарната единица Велес и го гаснеле четворица пожарникари.

Урош Ташев во изјава за медиумите рече дека не може да каже дали пожарот на неговото возило бил подметнат или самото се запалило.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1