Тешка сообраќајна несреќа се случи предмалкуна булеварот Партизански одреди во близина на Сити Мол, во која неофицијално има и неколкумина повредени лица со тешки телесни повреди, објави порталот Пресс 24.
Несреќата се случи околу 21 часот веднаш до бензинската на Окта на партизанска каде четири моторни возила од засега непознати причини во страотен судар и меѓусебен карамбол излетале од коловозот и удриле во банкината од булеварот.
До несреќата според зборовите на очевидците кои на лице местото ги затекна екипата на Пресс24 дошло кога еден од возачите кој највероватно се претпоставува дека е матурант, од засега непознати причини удрил друго возило кое се движело во истата насока и каде двете подоцна влетале во други две возила кои во исто време се обраќале во истата насока.