Две нови пресуди за демонстрантите кои ја демолираа канцеларијата на Иванов


Уште двајца од демонстрантите кои дивееја и ја кршеа Канцеларијата на претседателот Ѓорѓе Иванов, по одлуката за аболиција во Кривичниот суд добија условни казни.protesti ivanov

Никола Аризанов е осуден на условна казна од шест месеци ако во текот на наредните две години не стори друго кривично дело, додека другиот демонстрант, Филип Наковски е осуден со условна казна од 12 месеци ако во текот на следните три години не стори друго кривично дело. Како што денеска пишува Телеграф, со оваа одлука судијката им го укина куќниот притвор.

Двајцата пред Судот изјавија дека биле дел од протестот, но дека не кршеле.

За потсетување, завчера беше осуден уште еден демонстрант кој ја призна вината и доби условна казна од три месеци ако во наредната година не стори друго кривично дело.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1