10-тина земјотреси вчера и денеска ја тресеа територијата на Македонија. Движењето на тлото најмногу го почувствуваа граѓаните во југозападниот и североисточниот дел од земјава, но со помал интензитет и во другите региони.
По четирите земјотреси вчера вечерта во текот на ноќта се регистрирани уште неколку послабиземјотреси во македонија и регионот.
По полноќ апаратите регистрираа потрес близу Ресен, потоа кај кичевското село Другово, а претпладне земјотрес почувсствуваа граѓаните во Источна Македонија, Епицентарот на земјотресот бил 39 километри од Пехчево во близина на градот Сандански,во Бугарија.
Најсилните земјотреси беа првите два кои се случија вчера околу 18.30 со јачина од 4.8 и 4.9 степени според Европската макросеизмичка скала. Епицентрите беа лоцирани на 15-тина километри јужно од Вранештица, кичевско. 15 минути по 19 часот следеше земјотрес со помал интензитет од 4 степени на 11 километри западно од Демир Хисар. Од тогаш, па до 6 часот и 28 минути утринава граѓаните можеа да почувствуваат серија од 6 земјотреси со послаб интензитет со магнитуда од 2.1 до 3.1 степен според Европската макросеизмичка скала. 3 од епицентрите на потресите беа лоцирани во близина на Ресен, 2 во околината на Кичево и 1 во Демир Хисар. Граѓаните на Делчево и Пехчево, пак, околу 11 часот почувствувале два послаби земјотреси со епицентар во Сандански, Бугарија.
Од Институтот за земјотресно инженерство велат дека потреба од паника нема. Опасност од поголем земјотрес не постои, а тлото постепено ќе се стабилизира.