Најголем број од македонците и годинава планираат одмор во Грција. Главно поради близината, граѓаните ги бараат аранжманите кај јужниот сосед.
Оние со фамилии претежно резервираат место на краците, а младите по островите. Во агенциите веќе се распродадени аранжманите за јуни.
Случувањата во Турција ги поевтини аранжманите и не ги ги уплаши македонците.
Интерес нема како порано но сепак голем е бројот на граѓани кои ќе летуваат таму. Најмалку барани се аранжманите за Хрватска.
Од агенциите објаснуваат дека тоа главно се должи на скапите патарини кои се воведени. Оние со подлабок џеб пак ќе летуватаат за Малдиви или Занзибар.
Од домашните дестинации, најбаран е Охрид и планинските места. И тоа главно од странските посетители , холанѓани, кинези и срби.
Пред неколку недели во Охрид пристигна првата група на туристи од Бенелукс. Се очекува годинава во земјава да допатуваат над 25 илјади посетители од Холандија и Белгија.
Некогашната омилена дестинација Египет и годинава кај македонските граѓани не е во игра за одмор.
Поради влошување на кризата во изминативе години бројот на македонски туристи таму драстично опадна, по што дел од агенциите беа принудени понудата за таму да ја тргнат.
sitel.mk