Пукање и престрелка пред ресторанот „Фурна“ во Капиштец – рането едно лице


Вечерва пред рестарнот „Фурна“ во Капиштец дошло до престрелка меѓу засега непознати лица, од кои едно неофицијално е рането во нога. Засега МВР не излегува со информации, а увидот на екипите на крим техника е во тек, јавува Република

policija mk koli

Околу 22.05 час на ул М.Т.Гологанов ББ на паркингот од Фурна лицето М.Ј (1976 ) од Прилеп , додека бил во своето ПМВ Порше Кајен-џип пред да го стартува возилото од страна на НН лице биле испукани два проектила од пиштол НН марка кон возилото при што го пробил совозачкото десно стакло , а излегло од возачката врата при што му нанело видлива повреда огреботина на ногата .

Повредениот го напуштил л.м со своето ПМВ се упатил на домашната адреса и заедно со сопругата после 40 мин од настанот се враќаат повторно на л.м и го пријавуваат настанот во полиција.На местото пронајдени се две чаури од НН калибар.Причините за сега се непознати.Увидот е во тек. – велат за Прес24 од полицијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1