Начинот на кој се справувате со парите, па дури и положбата на метлата во куќата, според старите народни верувања, може да влијаат на финансиската ситуација во домот…
1. Кога да позајмувате пари и да барате покачување?
Покачување треба да барате во среда во текот на денот. Не позајмувајте пари од пријатели и познаници во вторник. Давајте и земајте заеми наутро, затоа што какви било операции со пари кои ги извршувате навечер ќе водат до пропаст. Трудете се никогаш да не барате заем, а почесто да давате пари на оние кои од вас бараат, бидејќи така ќе го предизвикате да ви врати на друг начин.
2. Платата треба да преноќи
За парите кои сте ги заработиле да ја сакаат вашата куќа, оној ден кога ќе земете плата, немојте веднаш да трошите ниту денар од неа. Целата сума, според верувањата би требало да преноќи во вашиот дом.
3. Што не треба да се позајмува на комшија?
На комшиите не треба да им позајмувате леб или сол
Republika.mk