СВР Струмица поднесе кривична пријава против лицето М.В. (40) од Струмица поради постоење основи на сомнение сторено кривично дело „телесна повреда“.
На 18 мај годинава во 5:30 часот пријавениот, откако се довел во алкохолизирана состојба, започнал вербална расправија со неговата мајка по што и физички ја нападнал нанесувајќи и видливи телесни повреди.