Најбогатото село на светот не сака бегалци: “Ќе платиме колку и да треба само да не ни доаѓаат”


Обервил-Лиел важи за најбогато село на светот. Во ова бајковито село во близина на Цирих живеат вкупно 2.200 жители меѓу кои има дури 300 милионери. Сепак, иако се толку богати, жителите на Обервил-Лиел не сакаат да прифатат во нивното место да се населат бегалци од Сирија и други воени подрачја и подготвени се за тоа да платат.SELO BEGALCI

Според системот на квотите, Швајцарија би требало да вдоми 50.000 бегалци кои ќе бидат разместени во 26 кантони. Планирано е 10 од нив да бидат сместени во Обервил-Лиел, но жителите на ова село на референдумот на почетокот на мај, со резултат од 52 наспроти 48 проценти, изгласале дека кај нив бегалците не се добредојдени.

“Не ги сакаме тука. За тоа станува збор. Цел живот сме работеле напорно и имаме прекрасно село кое не сакаме да го упропастиме. Ние не можеме да ги примиме бегалците, тие не би се вклопиле тука”, рекол еден од жителите на селото за британски Daily Mail.

На чело на Обервил-Лиел е градоначалникот Андреас Гларнер, кој одлуката на своите сограѓани ја поддржува во целост, но критиките дека станува збор за расизам категорично ги одбива.

“Одбивањето на таквиот предлог е протест е што владата ни наметнува нешто такво. На бегалците им е потребна помош, се согласувам, но подобро е да им се помогне во кампови кои се блиску до нивните домови. Можеме да пратиме пари како помош, но доколку ги вдомиме тука, праќаме погрешна порака. И другите ќе тргнат по нивниот пат, ќе ги ризикуваат своите животи преку минување на морето и плаќање на шверцери. Тие не го зборуваат нашиот јазик. Децата на мигрантите, кои исто така не го зборуваат јазикот, ќе мора да одат во нашите училиште, што значи дека ќе треба да обратиме посебно внимание на нив”, рекол Андреас Гларнер, член на швајцарската десничарска партија “SVP”.

Како уште една причина поради која мигрантите би требало да побараат друго место за живот, градоначалникот го навел недостигот на работни места. Повеќето од жителите на ова село се пензионери, а фабрики нема. Само по некоја фарма и по некоја мала фирма.

Повеќето граѓани кои се против доаѓањето на мигрантите, како причина ја наведуваат безбедноста на жените, повикувајќи се на инцидентите како оние во Келн за време на новогодишната ноќ.

По одлуката на референдумот, Обервил-Лиел ќе мора да плати казна поради одбивањето да вдоми мигранти во висина од 206.000 швајцарски франци.

Никој нема ништо против казната, дури се и подготвени да издвојат повеќе доколку е потребно.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1