Ела Кларк отишла во болница да се породи со царски рез. Рутинската операција тргнала наопаку и поради згрутчување на крвта докторите биле принудени да ѝ ги ампутираат двете нозе за да ѝ го спасат животот.
Таа се разбудила во болнички кревет, и како и секоја мајка почуствувала голема радост за своето дете. Меѓутоа, наместо бебето, лекарите ѝ донеле шокантна вест. По пет дена поминати во индуцирана кома, двете нозе од колениците надолу ѝ биле ампутирани.
Болницата издала официјално соопштение во кое и се извиниле на Кларк, но наспроти тоа, нејзиниот адвокат подготвува тужба против болницата.
– Се чувствувам како да ми е одземен животот. Од активна мајка која трча наоколу со своите деца, одеднаш останав прикована за инвалидска количка. Не можев да престанам да плачам. Никој не би требало да минува низ ова што јас го преживувам. Особено кога би можело да биде избегнато – раскала 31-годишната Ела.
Таа веќе имала шест деца, во период од девет години, колку што е во брак со својот сопруг Ијан (32). Среќните вести дека повторно е бремена ја дознале во март 2015 година.
– Бевме воодушевени. Луѓето мислеа дека сме несреќни бидејќи имаме многу деца, но да се биде мајка е најубавото чувство на светот – изјавила оваа несреќна мајка.
Во нејзината 20-та недела од бременоста бабицата ѝ рекла дека има ниско поставена постелка и доколку нејзината здравствена состојба редовно не се следи, може да дојде до обилно крварење при породувањето и воглавно се препорачува породување со царски рез.
Тоа за Ела не било нешто ново бидејќи и претходните бремености без големи потешкотии ги извршила со царски рез.
Во текот на породувањето таа изгубила 6 литри крв, што не е толку невообичаено за некој кој имал претходни бремености и што се породувала со царски рез. По трансфузијата со крв, докторите ја ставиле на одделение за интензивна нега и во медицински предизвикана кома.
Било непоходно докторите да ја посетуваат често во првите критични 24 часа, бидејќи можело да дојде до згрутчување на крвта. Персоналот во болницата ја заборавил и првата посета била по шест часа. Во тој временски период дошло до згрутчување на крвта во нејзините нозе, циркулацијата запрела и итно била однесена во операциона сала каде немало друг избор освен да ѝ ги ампутираат двете нозе. Ела се разбудила по пет дена.
– Очекував да ми го донесат моето девојче. Немав поим дека бев во кома. Наместо тоа ми соопштија дека нозете ми се ампутирани. Солзите сами тргнаа, а мојот сопруг беше покрај мене цело време. И тој плачеше – раскажала Ела.
23 дена подоцна таа излегла од болницата од која добила и две протетички нозе.