Горилото старо 17 години беше застрелано од вработените во Зоолошката градина во синсинати, откако во неговото живеалиште падна 4-годишно детенце. Но експертите велат дека горилото сакало да го заштити детенцето и само неколку моменти пред да биде убиен, го држело детенцето за рака.
Доктор Емили Бетел, експерт за горили и професор на универзитетот во Ливерпул „Џон Мурс“, вели дека говорот на телото на горилото покажува дека тоа воопшто немало намера да го повреди детето.
Како што вели таа, горилото Харамбл се однесувало заштитнички спрема 4-годишниот Ајзеја.
Доктор Бетел истакнува дека горилите се екстремно заштитнички настроени кон младенчињата, а Харамбл во еден момент и го прегрнал детенцето за да го заштити.
За него биле збунувачки вресоците и метежот пред неговото живеалиште, од испаничените посетители кои се нашле таму во моментот.
Во неколку наврати се гледа како Харамбл остро и брзо го влече малиот Ајзеја низ водата, што дефинитивно изгледа насилно и опасно.
Но експертот за горили д-р Емили Бетел вели дека тоа е класично однесување на горилите, кои така се однесуваат и кон своите младенчиња кога сакаат да ги заштитат.
Посетителите кои се нашле на местото на настанот велат дека иако целата ситуација била стресна и страшна, според нив Харамбл немал никаква намера да го повреди детенцето.