Еден дедо од американската сојузна држава Јужна Каролина од локалното основно училиште во својот дом однел „погрешен внук“.
Како што јави локалната телевизија ВИС-ТВ, Џозеф Фалер дошол во основното училиште и се приближил до едно момче за кое сметал дека е неговиот внук.
Дедото го прегрнал момчето и го прашал дали е подготвен да оди дома. Детето одговорило дека е подготвено и дури на заминување на наставникот му потврдило дека Фалер е неговиот дедо.
Фалер ја забележал грешката дури откако пристигнал дома со „погрешниот внук“, кој потоа го вратил во училиштето и се извинил за грешката.