По монструозното убиство на Јелена Марјановиќ Зоран почна да добива понуди од многу девојки, а меѓу нив е и извесна Рада М. (27) од Виена. „Ало“ дознава дека таа успеала да дојде до неговиот број преку пријатели од естрадата, а и на „Фејсбук“ му пишувала. Таа има агенција за помош на стари лица во Виена.
Сакајќи да го заведе Зоран, Рада се трудела на сите начини да го придобие, а со него стапила во контакт само неколку дена по смртта на Јелена. На пријателите им се доверила дека „со задоволство би зборувала за Зоран, ама не смее, зашто се плаши дека ќе ја убијат „секташи“. Со пораките што му ги испраќала се нашла на списокот луѓе со кои полицијата имала информативен разговор. Признала дека контактирала со Зоран, но дека не го видела и дека не знае ништо за убиствоо на Јелена.
Од друга страна, Зоран тврди за „Ало“ дека некој му подметнува афера со ескорт дама, дека не познава никаква Рада.
Зоран Марјановиќ во пораките со извесната студентка од Виена, Рада која всушност била најмена од полицијата, освен што пишувал пораки со експлицитна содржина, пишувал и за Јелена. Тј со своите пораки покажува дека е верски фанатик, а многумина велат дека овие изјави им делуваат како на некој кој е од секта.
Погледнете какви пораки си праќал со девојката