На 11 години била силувана, на 19 продадена, а на 47 соборила светски рекорд!


Претрчаните 240 километри низ пустинските предели на Намибија и двојниот маратон низ ледените тундри на Антарктикот се само дел од огромните достигнувања на Норма Бастидас.

Животот на убавата 49- годишна жена изобилува со екстремни подеми и падови.189234_495293367155348_661045841_n-58882
Родена е во 1967. година во Масатлан (Мексико), имала 11 години кога починал нејзиниот татко. Тогаш почнале проблемите. Мајка и останала сама со пет деца.

-Сите работевме, не бевме заштитени, – изјавила Норма.

Наместо да им помогнат, роднините ја злоупотребувале нивната тешка ситуација, а слепиот чичко, кого го чувала ја силувал.Имала 19 години кога ја забележала една жена и и понудила работа во Јапонија. Мајка и се плашела да ја пушти, но бидејќи тоа била единствената шанса за подобар живот, не ја спречила.

Кога пристигнала во Јапонија, агенцијата и го одземала пасошот и ја сместиле во стан. Тогаш ја известиле дека им должи пари за билет, сместување и храна. Надевајќи се дека добро ќе заработува како модел, таа прифатила.Меѓутоа, од работата како модел немало ништо. Наместо тоа, ја пратиле во клуб од затворен тип во Токио.

– Ме продадоа на оној што понуди највеќе, вели Бастидас. Ме купи многу позната личност и јас бев под негова контрола.

Бидејќи не знаела јапонски, немала можност да избега.984082_794469593904389_3835225052461577471_n
– Ти ги скратуваа можностите да се грижиш за себе, јас не го ни видов човекот кој ме купи.

На прашањето зошто не се обидела да побегне и да побара помош во полиција или пак да се јави дома, таа објаснила:

– Морав да го платам долгот, а моето семејство не беше во можност да ми прати пари. Не можев да отидам во полиција. Бев во Јапонија, а немав пасош. Веќе бев означена како проститутка, – вели Норма.
По неколку години, таа сепак успеала да побегне со помош на луѓе од близок манастир. Подоцна се омажила и се преселила во Ванкувер во Канада.

Проблемите не престанале

Меѓутоа, додека таа била во Јапонија започнала да пие алкохол кој и помагал да го надмине срамот. Бракот не и успеал, а не успеала да ја задржи и работата.Пресвртна точка во нејзиниот живот била кога дознала дека нејзиниот син боледува од дегенеративна болест на окото кое доведува до слепило.11001892_960151957336151_3745044677715251148_n
– Бев ранлива, самохрана мајка која остана без работа. Имав дете кое имаше 11 години. Човекот кој ме силуваше кога имав 11 години беше слеп. Беше тоа премногу за мене, – вели Норма. Имав чувство дека никогаш нема да го избегнам минатото.

Но, наместо да продолжи да ги лечи маките со алкохол, како што обично правела, овојпат одлучила да сврти нов лист.

-Знаев дека го изложувам детето на ризик, кога сум ментално отсутна. Морав да останам трезна за да најдам решение, – вели таа.

Тогаш почнала да трча, навечер за никој да не ја слушне како плаче.Во рок од шест месеци се квалификувала за една од најпознатите светски трки – Бостонскиот маратон.

– Станав одличен тркач поради големиот притисок со кој морав да се борам, – вели Норма.

– Трчањето беше нешто што можев да го контролирам. Не можев да ја контролирам брзината на напредување на болеста кај синот. не можев да влијаам на тоа дали повторно ќе ме отпуштат, но можев да облечам патики и да трчам.

Набрзо потоа, се качила на седумте највисоки врвови на сите континенти за да собере пари за истражување во областа за лечење генетски предизвикано слепило.

Во 2013. година го контактирала приајтелот Бред Рајли, кој ја предводел организацијата за борба против трговија со луѓе „iEmpathize“. Му кажала дека сака да направи нешто големо во борбата со трговија на луѓе. Заедно со Рајли го создале најголемиот триатлон во светот. Ќе постави светски рекор, пратејќи ја познатиот пат на трговците со луѓе.
Во текот на 65 дена во 2014. година, Бастидас трчала, возела велосипед и пливала од канкун (Мексико) до Вашингтон.

– Пливаше 10-15 километри од ден за ден, – вели Рајли. Потоа се качуваше на велосипед и возеше од 150-200 километри на ден и на крајот трчаше меѓу 55-66, па дури и 160 километри без пауза.

Иако се обидувала умот да и биде чист за време на трката, таа не заборавала што доживеала како жртва.

– Да бидете добар активист морате да се сочувствувате со болката и понижувањето со жртвите, особено кога ипонатаму има многу луѓе кои ги осудуваат, – вели таа.

Вели дека најубаво чувство имала на крајот од трката која и обезбедила влез во Гинисовата книга на рекорди. Ја дочекале преживеаните луѓе, жртви на трговијата со луѓе кои трчале покрај неа во последните километри од трката во Вашингтон.

Можеби најдобрата порака за се што минала Норма Бастидес е содржана во цитатот кој му се препишува на Лао Цеу: „Патувањето од илјада милји започнува со еден единствен чекор“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1