ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОТВРДИ: Коста Крпач се самоубил


Скопското јавно обвинителство од досегашниот тек на предистражната постапка утврдило дека Коста Крпач се самоубил.

Од Јавното обвинителство попладнево испратија кратко соопштение до јавноста во коешто единствено се соопштува дека според нивната истрага Крпач се самоубил, нo нема детали како точно настапила смртта.kapishtets-pogrebalna-kola

„И покрај тајноста на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство – Скопје за утврденото ја известува јавноста, со цел отстранување на шпекулациите.
Постапката по предметот во Обвинителството и натаму тече за утврдување на причините и околностите под кои настапила смртта на лицето К.К.“, се вели во соопштението.

Крпач беше пронајден мртов пред повеќе од еден месец во својот стан во скопската населба Капиштец. Според првичната верзија, тој најпрвин пукал кон паркирано комбе од својот стан, а потоа се самоубил.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1