ВИДЕО: Имате ли храброст да поминете низ најдолгиот стаклен мост во светот?


Најдолгиот и највисок стаклен мост на светот, наскоро ќе биде отворен за сите кои ќе се осудат да минат преку него.most-1

Мостот e долг 430 метри, а се наоѓа на висина од 300 метри и на сите ќе им задава неверојатна вртоглавица. Мостот  во кинеската провинција Хунан практично лежи меѓу облаци, над големиот кањон Жангјиае.

Творецот на ова светско чудо е израелскиот архитект Хаим Дотан, кој пред неколку години за светската изложба во Шангај конструирал и футуристички стаклен павилјон.

Во текот на изградбата на стаклениот мост, ниту на работниците не им било лесно. На многу голема висина морале да постават проѕирни панели на челичната конструкција.

Главанта задача на главниот инженер била да обезбеди мостот да не го рушат силни ветрови или ерозија на околните брда. Вели дека најголем проблем било да се сопрат вибрациите од пукање на стаклото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1