Принц починал од предозирање со опијати – лекови за болка


Тестовите покажаа дека славниот пејач Принс, кој беше пронајден мртов во неговиот дом во Минеаполис кон крајот на април, починал од преголема доза на опијати, соопшти надлежно официјално лице, кое побара да остане анонимен, јавуваат американските медиуми.prince

Досега причината за неговата смрт беше непозната.

Принс (57) е пронајден мртов на 21 април на неговиот имот.

Наодите од тестирањето го потврдија сомнежот дека опијатите имале улога во неговата смрт.

Тој почина само неколку дена откако неговиот авион принудно слета во градот Молин во Илиноис поради лекарска интервенција по враќањето од концерт.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1