Студент убил професор, па си пресудил самиот: Утврден идентитетот на убиецот од Универзитетот од Калифорнија


Пукањето се случило една седмица пред завршните испити на тој голем универзитетски кампус, кој припаѓа на системот на Универзитетот Калифорнија со околу 43.000 студенти.fff

Во вчерашното пукање на Универзитетот во Калифорнија загинале две машки лица, а како што се наведува, студентот Маинак Саркар го убил професорот Вилијам Клуг, а потоа си пресудил самиот!

Студентот го убил професорот бидејќи сакал да го изрази своето незадоволство поради испитите кои ги полагал кај него.

Инаку, Клуг бил професор по механички и космички инженеринг, а Саркар му помагал со неговиот докторски труд.

Потсетуваме, пукањето се случило во малата канцеларија во зградата на инженерскиот отсек “Болтер Хол”, а од полицијата навеле дека бил пронајден пиштол и нешто што би можело да биде последна порака од самоубиец.ubistvo-univerzitet-kalifornija-03

пукањето се случило една седмица пред завршните испити на тој голем универзитетски кампус, кој припаѓа на системот на Универзитетот Калифорнија со околу 43.000 студенти

По веста за пукањето, околината на Универзитетот била блокирана.

Локалните телевизии објавиле снимки на кои се гледаат и неколку амбулантни возила.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1