Лидерот на партијата „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски попладнево е пуштен од затвор, изјави за МИА директорот на затворот „Идризово“ Живко Пејковски.
Тој рече дека Бошкоски е пуштен неколку дена пред истекот на затворската казна, која му завршуваше на 6-ти овој месец.
– Бошковски е ослободен денеска во 14:10 часот, со оглед дека се создадоа услови за негово пуштање пред истекот на казната, рече Пејковски.
Бошкоски издржуваше петгодишна затворска казна, а беше осуден за случајот „Кампања“ за нелегелно финансирање на изборната кампања.