Оние кои ја опишуваат фармацевсата индустрија како криминала во изминативе неколку години, според најновите излезени во јавност податоци, се целосно во право.
Компанијата Мерк која е производител на вакцини и лекови на дело фати двајца научници како ги лажираат податоците за ефикасноста на вакцината со додавање на примероци од крв од животинско потекло.
„GlaxoSmithKline“ компанијата неодамна и била изречена парична казна од неверојатни 3 милијарди долари за подмитување на доктори, лажење на FDA и затскривање на медицински податоци и лажен маркетинг. Во меѓувреме Pfizer е обвинет од страна на лекарите за како што се наведува во обвинението „сеопфатна антиконкурентна шема“ за држење на генерички лекови за холестерол со цел да го зголеми својот профит.
Како стојат работите во Европа?
Лекарите во Франција тврдат дека државата троши пари на непотребни лекови и истите тие се посочени како директно влијаеле за смртта на 20,000 луѓе на годишно ниво.
Половина од сите лекови кои што се препишуваат од страна на лекарите во Франција, се бескорисни или потенцијално опасни за пациентите. Двајца врвни лекари специјалисти, ги обвинуваат фармацевските компании за одржување на овие лекови и нивна продажба, која создава само огромен трошок во здраствениот систем и на даночните обврзници.
Професорот Филип Евен, директор на престижниот институт Некер и Бернард Дебре, велат дека со повлекувањето на лековите кои што се опасни по животот на пациентите, а кои што се платени од страна на француската здраствена служба, државата може да заштеди до 10 милијарди евра на годишно ниво.
„Фармацевтската индустрија е најциничната и најмалку етична од сите останати индустрии“, изјавил професорот Евен.
„Не зборувам само за лековите, туку за корупцијата во целата медицинска струка“, дополни тој.
Французите конзумираат лекови вредни и до 36 милијарди евра на годишно ниво, околу 532 евра на секој граѓанин, кој има просечно по 47 кутии во плакарите, секоја година. Државата покрива 77 % од трошоците во Велика Британија. Трошењето на лекови е околу 271 фунта по човек, а сепак на островот, луѓето имаат ист животен век, по просек од 80 години и не се помалку здрави од Французите.
Авторите се нарачани од страна на поранешниот претседател Никола Саркози, со цел да направат извештај за аферата Медијатор, одоносно лековите развиени за дијабетичарите кои се препишани како лекови кои помагаат во слабеењето. Истите се поврзани со смртни случаеви на стотина пациенти, кои имале срцеви заболувања.
Евен ги обвини фармацевтските компании дека се заинтересирани исклучиво за брз профит и ништо повеќе.
„За жал никој од овие компании не се заинтересирани да создадат лекови за некоја ретка болест, да речеме, заразни болести во земјите без пари, затоа што тоа не е некој голем пазар. Ниту се заинтересирани за развој на лекови кои можат да ја излечат да речеме Алзхеимеровата болест, или пак Паркинсоновата болест, затоа што тоа е премногу тешко и не постои брз профит“, тврди Евен.
Оваа индустрија единствено е заинтересирана само за непосредни и краткорочни добивки. На Wall Street, фармацевтската индустрија се наоѓа на третото место, веднаш по нафтената и банкарската.
Да се вратиме во Америка, како стојат таму работите?
Според Федералните истражители во САД копманијата GlaxoSmithKline ја има признаено и платено највисоката казна за измама во оваа индустрија.
-Рутинските ги подмитувале докторите, со платени луксузни одмори.
-Ги лажирале податоците за сигурнста на лековите и ја лажеле американската FDA.
-Ја измамиле Мedicare и Medicaid за милијарди долари.
-Ги измамиле регулаторите со свои лекови.
-Заработиле милијарди долари профит, со тоа што продавале потенцијални лекови опасни по здравјето и животот на пациентите.
Поранешни виролози од компанијата Merck Stephen Krahling и Joan Wlochowki биле обвинети за:
-Лажирање на податоците за да прикажат ефикасност на вакцините за 95 %, а може и повеќе.
-Вбризгувале тестирана крв од животински антитела, со цел лажно да ја прикажат количината на антителата во имунолошкиот состав по вакцинацијата.
– Присилувале двајца виролози со цел да учествуваат во затскривање на одредени податоци.
-Им се заканувале на вработените дека ќе направат се за да лежат во затвор, доколку не ги почитуваат правилата на компанијата.
Компанијата „Мерк“ изложила милиони деца на ризик со вакцините за заушки, за кои се смета дека не обезбедуваат адекватен степен на заштита. Повеќе од 30 години во САД, Мерк има ексклузивна дозвола од FDA, да произведува и продава вакцини против заушки. Според тужителите Мерк го користи истиот вирус на заушки повеќе од 45 години. „Chantom Primary Care“ поднесе тужба против оваа компанија за која ја обвинува за затскривање на делотворноста на своите вакцини, со што се придонело за ширење на заразна болсет.
Што направи администрацијата на Обама во врска со ова?
Уште една работа која што е многу важна во целиот случај со „Мерк“ е тоа што службите од Департментот за Правда на САД, кои се водат како администрација водена од страна на претседателот на САД, Барак Обама, не покажаа никаков интерес да го истражат целиот овој случај. Не се презема ништо ни по тужбите изнесени од страна на „False Clamis Act“. Јавниот обвинител Ерик Холдер, од засега неразјаснети причини, едноставно се реши да го игнорира целиот овој извештај.
Една од неверојатните работи во целата оваа збркотница е тоа што кога ќе се земат во предвид сите сегменти од криминалот, измамите, митото, лажното претставување, лажењето на FDA, местените напумпани цени и останатите злочини во фармацевтските компании, никој ама баш никој досега не е уапсен и обвинет или пак му се терети кривично дело.
До денеска ниту еден менаџер на некоја фармацевтска индустрија, вработен во маркетингот или промотор на лековите, не е осуден за соучество во ваквите измами.
Замислете вие како поединец, да произведете лек кој не е делотворен и штети на корисниците, потоа ги подмитувате лекарите, фалсификувате податоци, ги лажете регулаторите, ги пумпате цените на производите и им се заканувате на своите вработени. Што тогаш на вас ќе ви се случи?
Одговорот на ова прашање не е потребен.
Сега се поставува прашањето зошто сето ова е дозволено да го прават големите корпорации? Одговорот на ова прашање нема да ви се допадне – Со вашиот свет управуваат крадци за доброто на крадците!
Доколку фармацевтските компании ги лажираат податоците, што уште оваа индустрија е во состојба да направи?
-Да фалсификува податоци за ефикасноста и несаканите ефекти и на други лекови.
-Да измислува болести, со цел да се продаваат повеќе лекови.
-Да ослободува вируси како би профитирале од пандемија.
-Да шири страв за промоција на вакцините, како случајот со свински грип.
-Да ги замолчи информаторите кои што се обидуваат во јавноста да ја кажат вистината.
-Да ја уништи кариерата на медицински научници кои што се сомневаат во фармацевтската индустрија.
-Воспоставување на медицински монопол над популацијата преку здраствените закони.
guardian.co.uk