Самохрана мајка од живот со долгови дојде до милиони и тоа се сама!


Кога Рена Натансон (51) го измислила „Бананаграми“ на својата трпезариска маса, не ни помислувала дека животот ќе ѝ се промени од корен. И тоа на добро. Таа сакала само да ги забавува своите деца.

majka milionerka2Рена била осамена и очајна поради крахот на петнаесетгодишниот брак, ги одгледувала сама децата со сите проблеми и стравови што самохраното родителство ги носи. Сега е сопственик на најпродаваната игра на зборови на Амазон, а продала повеќе од шест милиони производи. Во играта учесниците се тркаат да направат збор од букви на плочки, и тоа во облик на мрежа. Наликува на познатата „Скрабл“, но не се користи табла.

– Почна како забава, првите 50 комплети ги продадовме за секунда. Сите се пакуваат во футроли во облик на банана. Ги правевме првите парчиња во мојата кујна, а децата полудуваа од нередот. Таа работа за мене беше спас, бидејќи се одморав од секојдневието. Бев на крстопатот на животот, планирав или да се вратам во Америка или да најдам добра работа. Бев на работ на егзистенција, никогаш немав пари за нашите основни потреби.

Кога почна продажбата на „Бананаграми“, ги нудев во продавниците за играчки, во 2006 година ги изложивме на Саемот за трговија, а во 2008 година Амазон ја почна продажбата. Сега имаме врвен производ – раскажува Рена.

majka milionerka

Иако животот финансиски ѝ се подобрил, таа не променила некои работи. Живее во истата куќа.- Тоа е наш дом и нема потреба да го менувам – рекла таа.

Но, сега нема проблеми да собере пари за сметките, децата со леснотија ги запишала во приватни училишта, со пријателките оди на интересни патувања и летувања, а многу се занимава и со хуманитарна работа и им помага на разни здруженија. Посебно на оние што им помагаат на заболените од рак, во спомен на нејзиниот починат татко.

– Мојот труд и бесконечен напор на децата и себеси да обезбедам пристоен живот, се исплати. А тоа ми беше првичната намера. За мене е доволна растовареноста кога во продавница не морам да избирам што ќе јадеме тој ден. Не сум љубителка на скапи ресторани, бидејќи тоа за мене и не е вистински луксуз. Сè стекнав со работа и само сакам моите деца и јас да уживаме докрај – раскажува оваа родена Американка, која вели дека поради случајноста, успехот е уште посладок.

Рена вели и дека „не е глупава и непромислена“ своето богатство да го троши бадијала, туку и понатаму се грижи за парите. А со децата и со мајка си и понатаму игра Бананаграми…

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1