По 24 години во скопската зоолошка градина ќе пристигне слон. Живеалиштето се гради со полна пареа. Се прави комфорен дом за два слона, но се мисли и на дел за нивни иден потомок.
Проектираното живеалиште за слонот, кое во моментов е во изградба, се состои од внатрешен и од надворешен дел. Се наоѓа на местото на старото живеалиште на јаковите, биковите и ноевите.
Надворешното живеалиште, како примарно, ја пресликува природната околина на слонот, при што ќе се обрне внимание на подлогата, водните простори, елементите за декорација и анимација на слонот и целото е обвиено со зеленило.
Внатрешното живеалиште е составено од дел за набљудување, дел за предвојување каде што слонот се храни и спие, дел за посетители и дел за негуватели. Поради посебниот начин на нега, планирани се специјални прегради меѓу делот за негуватели и делот за предвојување, каде што се чистат ушите на слонот и се одржуваат ноктите.