„Етихад ервејз“ (Etihad Airways) нуди повратен билет од Лондон до Мелбурн кој чини 70.500 долари – за тие пари патниците ќе престојуваат во специјалниот апартман „The Residence“ во најголемиот патнички авион на светот.
Оваа цена е апсолутен рекорд и ја надмина цената на авиобилетот за релацијата Њујорк – Мумбаи која што чинеше 66.630 евра. На купувачите на овој билет ќе им биде ставен на располагање трособен апартман во Airbus A380-800.
Апартманот „Резиденс“ (The Residence) е првиот трособен апартман на еден комерцијален лет и со тоа му помогна на компанијата „Етихад ервејз“ да освои бројни награди за патување со прва класа. Апартманот со вкупна површина од 12 квадратни метри се наоѓа на горната страна на авионот А380 и во него можат да се сместат еден или двајца патници.
Во него има 32 инчен ЛЦД телевизор, кауч прекриен со кожа и два трпезариски стола. Ве служи батлер, а имате можност и да ги пробате јадењата кои ги подготвија врвните кувари во авионот.Во ходникот се наоѓа и спална во која има голем брачен кревет, кој е прекриен со италијанска постелнина. На ѕидот е фиксиран 27 инчен ЛЦД телевизор. Патницие кои ќе престојуваат во „Резиденс“ ги служи специјален батлер и ќе можат да ги пробаат сите „врвни оброци“ кои ги приготвуваат готвачите.
Од малиот ходник се влегува во спалната соба во која што има голем брачен кревет со италијанска постелнина, а на ѕидот има фиксиран уште еден 27-инчен ЛЦД телевизор. Секако, патниците на располагање имаат и тоалет и туш кабина, огледало за шминкање и фен за коса.
Во цената на авиобилетот е вклучен превоз до аеродромот со луксузен автомобил, приватно чекирање и секако пристап до приватен салон и соби за чекање.