Импичментот на Иванов на 13 јуни пред пратениците


Собраниската комисија за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов за одлуката за аболиција денеска треба да донесе заклучок за основаноста на барањето на неговото отповикување.gjorgje ivanov

СДСМ и ДУИ сметаат дека иницијативата за одговорност на Иванов е основана бидејќи со носење на одлуката за аболиција тој ги прекршил Уставот и Законот за помилување. За владеачката ВМРО-ДПМНЕ поднесокот е целосно неиздржан и не се темели на правни аргументи. Овие ставови партиите ги искажаа на денешната седница на Комисијата за импичмент.

– Ова е уште еден неуспешен обид на СДСМ да се удри по највисоката институција во државата со цел да се зголеми безредието и хаосот – рече Мукоски.

Талат Џафери од ДУИ рече дека останува конзистентен на партискиот став дека одлуката за помилување е донесена во сомнителна постапка и е спротивна на Уставот.

– Не држат објаснувањата на Иванов дека ја донел за добро на државата, бидејќи по носењето на оваа одлука кризата се продлабочи. Несоодветен е и аргументот дека кризата има примеси на безбедносен елемент. Затоа сметаме дека во заклучокот што ќе го донесеме треба да се сугерира Парламентот да дискутира за иницијативата и да донесе соодветна одлука – рече Џафери.

Ако во заклучоците што ќе се најдат пред пратениците во 14 часот стои дека иницијативата за импичмент не е основана, СДСМ а веројатно и ДУИ ќе гласаат против и ќе изготват издвоено мислење.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1