Легендарниот боксер Мохамед Али 32 години се бореше со Паркинсоновата болест. Во саботата почина на 74-годишна возраст во болница во градот Феникс во сојузната држава Аризона.
Последните фотографии на боксерот направени пред неколку месеци ексклузивно ги објави Дејли Мејл.
Фотографиите се дело на британскиот фотограф Зенон Тексеира, кој во март ја имаше уникатната можност да го посети домот на Али во Феникс, Аризона и во присуство на семејството на боксерот, да ги направи овие портрети.
Во својата тридецениска боксерка кариера, Мохамед Али, кој е роден како Касиус Клеј, забележа 56 победи, од кои 37 со нокаути, и пет порази. Тој е првиот боксер во историјата, кој успеа трипати да ја освои титулата светски шамион во тешка категорија.