Во 22 часот синоќа полициски службеник пријавил дека при движење по магистралниот пат Скопје-Граничен премин Блаце, во еден момент се запалило возило „Шкода Октавија“ кое е во сопственост на МВР.
За среќа пожарот бил изгаснат и нема повредени лица.
Полициските службеници со возилото тргнале да вршат увид на случена сообраќајна незгода на царинскиот терминал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.