Дејвид МекГриви кој е познат под називот монструм, уби три деца и нивните тела ги наби на ограда. Хоророт се одвиваше на Петок 13, а овој незапаметен злочин од Британија ја шокираше јавноста. Сега, монструмот може да биде ослободен по трите крвави убиства.
Дејвид чувал деца, а кога едното бебе почнало да плаче, тој полудел и го претепал до смрт, братот го задавил, додека на сестричето го пресекол вратот.
Тој на Петок 13 во 1973 година имал само 21 година, кога го извршил крвавиот злочин. Извор од затворот зборува дека тој има слобода да прави што сака. Бидејќи веќе го пуштале на условна слобода, сега постои можност да биде конечно ослободен.
Инаку, тој бил подстанар кај родителите чии деца ги чувал и убил. Полицијата телата по убиството ги најде набиени на ограда.
– Му ја ставив раката на уста, на сестричето го пресеков гркланот, а братчето го задавив. Сакав да ги погребам, но не можев, па ги ставив на оградата, изјави монструмот во минатото.
Британското министерство не сака да ги коментира шпекулациите за ослободување.