Поранешниот тренер на Баер Леверкузен, Саша Левандовски е пронајден мртов во својот дом во Бохум.
Поради здравствени проблеми, германскиот стратег ја напушти клупата на Унион Берлин во март, а синдромот на исцрпување (Брнаут синдром) го победи во битката за живот на 44 годишна возраст, a полицијата шпекулира дека станува збор за самоубиство.
– Неизмерно сме тажни и изненадени од веста за смртта на Саша Левандовски – вели претседателот на второлигашот на чија клупа Левандовски седна во семптеври минатата година. На кормилото на Баер Леверкузен, Левандовски се задржа две години. Во сезоната 2012/2013 ја делеше диригентската палка со Сами Хипија, а откако Финецот доби отказ, сам ги предводеше „фармацевтите“.