Поради закани кон градоначалникот на општина Чаир и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити, две лица утринава се приведени, а полицијата трага по уште две лица.
Приведени се лицата В.Б. (38) и Б.Р. (27) од Скопје, а по останатите двајца се трага поради постоење основан сомнеж дека во понеделникот сториле кривично дело загрозување на сигурноста.
Пред два дена медиумите објавија дека Меџити во понеделникот избегнал блиска средба со група од 20-тина лица кои упаднале во неговата канцеларија во општинската зграда на Чаир, кои како поздрав од посетата му оставиле куршум.